Цуцуловски: Може да се потпишуваат разни договори, но душата не можат да нѝ ја одземат- нека нѝ е среќен Илинден

(ФБ статус на Љубомир Цуцуловски)

НЕКА. Нека ни е среќен Илинден. Можат да доаѓаат разни делегации, може да се потпишуваат разни Договори, може и светот да се сврти наопаку, но Илинден останува во секоја македонска душа. Нека Илинден остане она што секогаш бил за нас, Македонците – 1903 или 1944 година, сеедно дали сме победиле иле не. Нека нѝ е среќен празникот, бидејќи душата не можат да нѝ ја одземат.