Македонија

Цуцуловски: Се родив во Македонија, а заради нечиј патолошки ќеив треба да умрам во некоја си не-Македонија

Цуцуловски: Се родив во Македонија, а заради нечиј патолошки ќеив треба да умрам во некоја си не-Македонија

Се родив во Македонија, се образував во Македонија, семејството го формирав во Македонија, работниот век го минав во Македонија и сега, заради нечии патолошки ќеив (имале створовите сон) треба да умрам во некоја си не-Македонија? – пишува на својот Фејсбук универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски.

Според Цуцуловски  менувањето на името на Република Македонија од страна на власта е еднакво  со подлоста и морбидноста на сатрапот кога се умилкува и приближува на животно пред да го убие. Понатаму тој потенцира дека од нас како народ сакаат да живееме во морбидариум, како збирка на настраности и болести.

„ Тоа е подлост, идентична со подлоста некому да кроиш капа, некажувајќи му дека му кроиш капа. Тоа е исто како кога сатрапот, у м и л к у в а ј ќ и се, му се прикрадува на прасето за да го заколе. Тоа е и морбидно.  Затоа, неколкупати изјавив дека живееме во морбидариум. Барем да сме хербариум – збирка на билки. Не, сакаат да бидеме морбидариум, збирка на настраности и болести“, вели Цуцуловски.