Цуцуловски за Јанева: Аплауз по нарачка бара само човек кој не е сигурен во себе

Професорот Љубомир Цуцуловски во денешното гостување на Телевизијата Алфа, на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и порача дека само човек кој не верува во себеси или нема доверба во себеси бара другите да му аплаудираат.
Според него, човек кој е сигурен во себе е сигурен дека ќе добие аплауз, бидејќи верува во своите квалитети, тој тоа го очекува и е скоро сигурен дека ќе го добие.

„Така што, аплауз по нарачка бара само оној човек кој не е сигурен во себеси. Пејачот кој излегува на бина и е сигурен во своите квалитети, однапред знае дека ќе добие аплауз. Вака ми делува како да се нарачани десет ќебапи со кромитче“, истакна Цуцуловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.