ЦУК: Без електрична енергија делови од Скопје

Делови од Скопје во текот на утрешниот ден ќе имаат прекини на напојувањето со електрична енергија, известија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Утре во периодот од 09.00 до 15.30 часот без електрична енергија ќе биде дел од село Чардак, општина Чучер Сандево, дел од улица Васко Карангелевски бр.1 и бр.19 во општина Аеродром помеѓу 10.00 и 13.00 часот, како и корисниците на дел од село Батинци и во село Радуша, село Дворце и село Орашке во општина Сарај во периодот од 09.00 до 15.00 часот.