ЦУК: Делови од Скопје утре без елетрична енергија

Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје во известување за медиумите најави дека, утре, среда 04.06, без електрична енергија ќе бидат повеќе локации на територијата на Град Скопје.

Без електрична енергија во периодот од 09.00 до 15.00 часот ќе бидат корисниците од улица Црногорска во општина Ѓорче Петров, улица Волт Дизни и Диме Мечето во општина Шуто Оризари и улиците 1,2,3,4 и 5 во село Грчец, општина Сарај.

Во текот на утрешниот ден во периодот од 07.00 до 08.00 часот и од 11.30 до 12.30 часотбез електрична енергија ќе бидат делови од општина Ѓорче Петров, поточно корисниците од село Орман и село Волково, аеродромот и терминал Стенковец и селата Горно и Долно Блаце во општина Чучер Сандево.

Во општина Карпош ќе има прекин на електричната енргија во Дексион и Стар Качанички пат во периодот од 09.00 до 15.30 часот. Како и ТС ЗИК Момин Поток, ТС Европа 92, ТС Синтекс помеќу 09.30 и 14.00 часот.

Прекин на снабдувањето со електрична енергија ќе има на територијата на општина Бутел и тоа: корисниците од Трговскиот Центар на улица Босна и Херцеговина од 09.30 до 10.30 часот и повторно од 13.30 до 14.30 часот. Корисниците на улица Лазар Трповски и делови од улицата Босна и Херцеговина во периодот од 10.00 до 14.00 часот нема да имаат дотур на електрична енергија, стои во соопштението од ЦУК.