Македонија

ЦУК: Делови од Скопје утре без струја

ЦУК: Делови од Скопје утре без струја

Според известувањето на Регионалниот центарот за управување со кризи на Град Скопје, утре 11.06 без електрична нергија ќе бидат делови од општина Ѓорче Петров во периодот од 09.00 до 12.00 часот улицата Ѓуро Салај, во општина Аеродором дел од с. Горно Лисиче, кај Црквата св.Петар и Павле во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од село Грчец во општина Сарај помеќу 09.00 и 15.00 часот, дел од село Кучевиште во општина Чучер Сандево и во општина Шуто Оризари улиците Волт Дизни и Димче Мечето во истиот период.  Без напојување со електрична енергија ќе останат и жителите во село Бардовци во општина Карпош на уллицата 18 во периодот од 09.00 до 15.30 часот.