ЦУК, конечно, донесе заклучоци за пожарите, ќе се бара помош од странство

Во Центарот за управување со кризи во вторникот, речеиси по две седмици од избувниувњето на пожарот крај Македонски Брод, се одржа седница на Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари, на која присуствуваа претставници од Центарот за управување со кризи, Инспекторатот за шумарство и ловство, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски шуми“, ЈП за стопанисување со пасишта, ЗЕЛС и Министерство за транспорт и врски.

На состанокот беше разгледана моменталната состојба со пожарите во регионот на општина Македонски Брод по што е донесен заклучокот дека Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари „согласно расположивите податоци и анализи заклучи дека со пожарите во реонот на Македонски Брод успешно се справуваат со пожарите во смисол на заштита на населените места, но дека е потребен натамошен ангажман на ресурсите на расположивите субјекти“.

Споменато тело за координација, исто така, ја сподели препораката од Групата за процена и презеде задолжувања за преземање мерки од страна на институциите за подигнување на будноста заради намалување на несовесното и намерното предизвикување на пожари, со посебен акцент за претстојниот празник 2-ри Август.

Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари, по разгледување на состојбите и можностите на ресурсите и непристапноста на теренот, предлага преку Управувачкиот комитет, Владата да започне активности за барање на меѓународбна помош од странство за поддршка одвоздух на билетерална основа.

Пожарот во село Требовље и Нова Брезница е локализиран. Во моментов се делува превентивно со хеликоптери и авиони, а дел од силите се пренасочени во Катланово, скопско, информира денеска на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу и додаде дека наскоро со противпожарните авиони ќе се делува во атарот на Ѓорче Петров кон границата со Косово во кој гори недостапна шума.

„Во Требовље изгореа околу 300 хектари, а дејствуваме со околу 82 припадника на ДЗС и два хеликоптера. Беа присутни територијалните противпожарни единици од осум града. Во пожарот учествуваа и 20 припадници на Македонски шуми, а имаше и десетина од локалната самоуправа“, рече Салиу и додаде дека помош добиле и од 60 припадници на АРМ.

Директорот на ДЗС обвини дека вчерашниот пожар во Требовље се проширил поради неодговорното однесување на десетината лица ангажирани од локалната самоуправа кои се повлекле од договореното место каде што требало да го пресретнат пожарот со образложение дека биле договорени да помогнат до 12 часот дента.

Според Салиу, пожарот е предизвикан од човечки фактор, бидејќи, како што рече, на наколку места во шумата биле забележани подготвени дрва за оган.

Помош во хеликоптер со корпа за вода била понудена од Бугарија, рече Салиу.

Директорот на ДЗС информираше дека до овој момент имало интервенции врз 360 шумски пожари во кои изгорена површини има околу 590 хектари.