Цукенберг: Фејсбук не му помогна на Трамп да стане претседател

цукенберг

На трибина за новите технологии во Калифорнија, Цукенберг рече дека Фејсбук не треба да се смета за одговорен за такво нешто.

– Идејата дека лажните вести на Фејсбук влијаеле на резултатот од изборите е многу луда идеја .Ако во тоа верувате, мислам дека не сте ја сфатиле пораката која симпатизерите на Трамп се обидоа да ја испратат на овие избори, истакна Цукенберг.

Според податоците, лажните приказни многу повеќе се споделувани на Фејсбук отколку делови од јавните дебати на кои учествуваше Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.