Цукерберг: Малите тимови се клуч за успех

Ќе вработам некого доколку сметам дека би можел да работам за него. Тоа е прилично добар тест и засега добро функционира, вели Марк Цукерберг.

Тој додава дека заедно со неговиот тим бараат луѓе чиишто вредности се поклопуваат со вредностите на клиентите на компанијата. Една  од тие личности коишто минатата година го поминале тој тест е Шерил сандберг, која Цукерберг лично ја избрал за позицијата директор на производството. Објасни дека неа ја смета за ментор и за клучна личност за развојот на Фејсбук.

Фејсбук има релативно мал број на вработени во однос на останатите технолошки џинови во силиконската долина. Гугл на пример има 55 илјади вработени. Цукерерг смета дека малиот тим е клуч за успехот.

-Најважно е тимот да се одржува што е можно помал. Фејсбук го користат повеќе од една милијарда корисници, но во Фејсбук се вработени помалку од 10 илјади луѓе, вели тој.