Цуклев: Македонија четврта во Европа според растот на економијата

Ако во 2012 година беа сценарија дека само што не настанало грчко сценарио, сега имаме сценарија од филмот титаник само што не сме потонале, но помина и 2012 година и минатата година се врати предвремено евробврзницата издадена 2005 година од владата предводена од СДСМ, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Цуклев на денешната собраниска седница на која се расправа за ребалансот на буџетот.

Еврообврзинцата се троши само во рамките на она што ние како Собрание ќе го изгласаме во ребаланост на буџетот и за исплаќање на обврските кон странските кредитори за кое тоа предизборно манипулирање и купување на гласови ќе се трошат парите од еврообврзницата, праша Цуклев.

Тој потенцираше дека во моментов се реализираат 800 милиони евра во изградба на автопати, 400 милиони евра во регионални патишта, 260 милиони евра за коридорот 10 и за подобрување на железничката инфраструктура.

Погледнете ги бројките во 2005 година на бруто инвестициите на јавните и приватните инвестиции не се ни 20 % од БДП, погледнете со колку ја завршивме 2015 година, над 31% се бруто инвестициите во вкупниот БДП тоа се колега бројки со кои се споредуваме, немојте само празни фрази како титаник.

На крајот тој истака дека просечната стапка на раст од 2007 година до 2015 година е 3% и Република Македонија по таа просечна стапка на раст за овој период е на 4 место во Европа.