Цуклев: Додека ние алармиравме за мигрантската криза во Гевгелија, СДСМ не беше во Собрание

Додека ние реагиравме и алармиравме за состојбата со мигрантската криза во Гевгелија, СДСМ не беше во Собранието изјави пратеникот Драган Цуклев.

На денешната 70-та собраниска седница како единствена точка на дневниот ред се најде Предлог одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

По тој повод на оваа пленарна седница пред пратениците се обрати пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Цуклев, пратеник кој доаѓа токму од Гевгелија и секојдневно е во можност одблиску да ја следи ситуацијата со мигрантите во тој регион.

Ние додека реагиравме и алармиравме за состојбата со мигрантската криза во Гевгелија и потребата од прогласување кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, на јужната граница и дополнително ангажирање на силите на АРМ за обезбедување на границата и дислоцирање на прифаќањето на мигрантите надвор од градот Гевгелија вие не бевте ни во собрание, сега лесно е говорите по надминувањето на таа ситуација, рече пратеникот Цуклев.

На почетокот од своето излагање, пратеникот Цуклев потенцираше дека Република Македонија всушност не е за прв пат транзитна територија особено Коридорот 10 и дека со ваква ситуација Република Македонија се соочила и во почетокот на деведесеттите години со економските мигранти од Романија и Албанија која ја користеа рутата Север-Југ за влез во Грција како најблиска држава од земјите членки во ЕУ.

Но сепак, тој нагласи дека денешната ситуација со мигрантите е далеку поразлична бидејќи покрај тоа што овие мигранти бегаат од економски причини, тие сопствената држава ја напуштаат и од безбедносни причини.

Со драстичното зголемување на бројот на мигрантите се зголемија и проблемите од безбедносен и од хуманитарен карактер. Меѓутоа со донесувањето на Законот за азил, овие проблеми беа намалени, а особено ризиците за бегалците кои користејќи ги опасните рути на железничката пруга од Коридорот 10 ги загубија своите животи. Со можноста која ја нуди законот за азил од 72 часа престој во Македонија, на мигрантите им се овозможи користење на услугите на македонски железници со што во голем дел се намалија проблемите за нив. Но сепак, бројот на мигрантите од ден на ден се зголемуваше особено во периодот на летото.

Пратеникот Драган Цуклев исто така се осврна и на проблемите со кои се соочи Општина Гевгелија со напливот на мигранти во периодот на летото кои ги окупираа автобуските и железничките станици во Гевгелија. Тој потенцираше дека стравувањето на граѓаните на Општина Гевгелија како од безбедносни, така и од здравствени и хигиенски причини е сосема рабирливо. За решавање и намалување на ефектите од оваа ситуација, Цуклев посочи дека Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Македонија заедно со другите институции воведоа контролиран влез на мигрантите, се изгради прифатен центар за мигрантите.

И покрај обвнувањата од страна на пратениците од СДСМ за условите во прифатниот центар, Цуклев напротив нагласи дека условите во тој центар се задоволителни, опремен со тушеви, ограден со ограда со површина од 1100 метри квадратни и дека постојано таму е присутна службата на Итната медицинска помош што на некој начин се обезбедни минималните потреби за потребите и прифаќање на мигрантите до моментот на пристигање на јавниот превоз.

На крај пратеникот од Гевгелија Драган Цуклев нагласи дека се прават сите напори во рамките на можностите и капацитетите на нашата држава и Општина Гевгелија за да граѓаните на Општина Гевгелија бидат заштитени од безбедносните и хигиенските ризици, како и за побрз транзит на овие мигранти низ територијата на Република Македонија.

Проследете го излагањето на Цуклев во целост: