Цуклев: Нема крај на небулозите на СДСМ

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Цуклев, на денешната седница на Собранието на Република Македонија на која што се расправа за Проектот за изградба на Национален гасовод ги запраша пратениците од СДСМ зошто не сакаат да го поддржат овој клучен проек за Македонија и нејзините граѓани.

Пратеникот Цуклев како и повеќето пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати посочија зошто и кои ќе бидат бенефитите од гасификацијата на Република Македонија.

Значи колеги сте против гасификација на Република Македонија, јасно и гласно. Крајно неодговорни се вашите амандмани. Значи во ситуација кога динамиката на реализацијата на проектот нема да ја следи динамиката на повлекување на средства утврдена во овој договор, државата ќе плаќа 2,5% камата на на неповлечените средства. Крајно неодговорно е од вас за постигнување на ефтини политички поени да предлагате бесмислени амандмани. Тоа ја покажува вашата одговорност до крај.

Цуклев во продолжение им посочи на пратениците од СДСМ дека на начинот како што СДСМ поднесуваат амандмани, се става во прашање и зошто воопшто се носи Буџет на државата