Цвеќе за загинатите во земјотресот од 1963 година

Делегација на Собранието на Република Македонија, утре, во 10 часот, на гробиштата Бутел, ќе положи венец свежо цвеќе, по повод 51 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Собраниската делегација ќе биде предводена од Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, а во состав:  Драган Данев и  Рамиз Мерко.