ФОТО: Положено цвеќе за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Со повеќе активности и манифестации денес ќе биде одбележана годишнината, по повод 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963-тата година, во кој главниот град на државата беше претворен во урнатини.

цвеќе за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Цвеќе за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Утрово на Градските гробишта во Бутел официјални делегации и претставници на институции положија цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес.

Попладнево традиционална крводарителска акција

Традиционално, по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје се одржува крводарителска акција.

цвеќе за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Цвеќе за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Денес од 9 до 17 часот сите хумани луѓе ќе може да се приклучат на традиционалната крводарителска акција и да даруваат крв во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на Град Скопје, што се наоѓа во ДХО „Даре Џамбаз“.

Активностите ќе продолжат во текот на вечерта

Активностите ќе продолжат и во текот на вечерта. Во Музејот на Град Скопје во 19 часот ќе се одржи литературно читање „Поетесите за својот град“, а во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје 1963-пред и потоа“, каде пред присутните ќе се обрати скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Цвеќе за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Цвеќе за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Концептот на изложбата е прикажување на централното подрачје на Скопје, пред земјотресот и потоа. Посетителите ќе можат да погледнат фотографии, создадени за изложба реализирана во Музејот на Град Скопје во 80-тите години на 20 век, насловена „Напоредни фотографии на Скопје“. Ќе бидат претставени и фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата „Старо Скопје“, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану, фотографии на фотографот Томислав Петернек, направени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје.

Цвеќе за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Цвеќе за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) со настанот „МКЦ за Скопје“ ќе биде одбележана годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Од 20 часот ќе биде отворена изложбата на младиот македонски уметник Иван Петрушевски-Филм, со наслов „Херои и нули“. Потоа следува проекција на документарниот филм за култните „Леб и сол“, „Каша“ во режија на Дарко Марковиќ, концертен настап ќе имаат групите Sethstat&Мирко Попов, Khara и Сусијат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.