Цветков на состанок со производители на пченица во Новаци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска во општина Новаци ќе одржи состанок со претставници на повеќе земјоделски здруженија, производители на пченица.

Во текот на попладневните часови во битолското село Егри, министерот Цветков ќе присуствува на состанокот на првата консолидација на земјоделското земјиште што започнува во овој регион, соопшти МЗШВ.