сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Цветков: Субвенциите редовно се исплаќаат

Субвенциите редовно се исплаќаат. Во Програмата за финансиска поддршката во земјоделството во 2015-та година одобрени се средства во износ од 101 милион евра од кои во периодот од јануари до ноември се исплатени 88 милиони евра. Остатокот од 13 милиони евра ќе се исплати до крајот на годинава пред се на поледелците и на лозарите со што ќе изврши целосна исплата на субвенциите.

mihailcvetkov-500

Поврзани вести

Субвенциите редовно се исплаќаат. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагираше на изјавите на дополнителниот заменик-министерот на МЗШВ Љупчо Николовски дека наводно земјоделците немаат добиено ниту денар субвенции за 2015-та година.

Цветков: Во 2015-та исплатени се 88 милиони евра за субвенции

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветковистакна дека субвенциите редовно се исплаќаат.

Во Програмата за финансиска поддршката во земјоделството во 2015-та година одобрени се средства во износ од 101 милион евра од кои во периодот од јануари до ноември се исплатени 88 милиони евра. Остатокот од 13 милиони евра ќе се исплати до крајот на годинава пред се на поледелците и на лозарите со што ќе изврши целосна исплата на субвенциите. Тоа значи дека се следи годишниот календар за исплата на субвенции при што има задоцнување од еден месец, за исплата на субвенциите во поледелството. Ова е од причина што оваа година се продолжи рокот за поднесување на барањата за субвенции, за 30 дена, имајќи ги предвид временските неприлики кои се случија на почетокот на годинава, рече министерот.

Цветков потенцира дека Програмата за субвенционирање ќе се реализира до крајот на годинава.

Во 2015-та година откупните тутунски претпријатија доставија барање за 29.032 тутунопроизводители за откупени 24.857.757 килограми суров тутун од реколта од 2014-та година. По поднесените барања во 2015-та година се изврши исплата на финансиска поддршка за произведен и откупен тутун во износ од 1.486.969.812 денари, истакна Цветков.

Во тек е исплатата на помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани

Поради настанатите штети во овчарството од болеста син јазик, се изврши обесштетување за угинатите грла во висина од 4.000 денари по угинато грло и за оваа намена се исплатија 55.284.000 денари.

Во тек е исплатата на помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани

Во тек е исплатата на помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани

Во тек е исплатата на помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани и тоа во висина од 100 % од настанатата штета. За оваа намена досега се исплатени 278.118.684 денари на 2.512 лица. Исплатата продолжува во континуитет со доставување на податоци од општинските комисии за проценки на штети, посочи тој.

Министерот Цветков изрази жалење што во речиси секојдневната комуникација со дополнителниот заменик-министер, на кој му е целосно дадена документацијата што ја побарал, изнесува паушални податоци наместо официјалните со кои располага Министерството.

Најчитани вести