Цветков: Штетите од поплавите во државата се проценуваат на 25 милиони евра

Министерот за земјоделство, шумарство и водостовпанство, Михаил Цветков на денешната средба со преработувачи и производители на земјоделски производи, организирана од Македонската асоцијација на преработувачи во Струмица, информираше дека е завршена проценката на штетите предизвикани од поплавите од крајот на февруари годинава

– Владината Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди  ги собра извештаите од општинските комисии и можам да кажам дека вкупните штети изнесуваат околу 25 милиони евра, од кои 13,5 милиони евра или 60 процетни се штети на земјоделските посеви, а 4 до 5 милиони се на системите за наводнување и каналите заодводнување. Извештајот за штетите е во согласност со нормативите на Европската Унија и Светска Банка .Идната недела владина делегација ќе го презентира во Брисел и се надеваме на помош, рече Цеков.

Тој нагласи дека во рамки на ИПАРД програмата,земјоделците од поплавените подрачја, со помош на ресорното минситерство, можат да аплицираат со свои проекти со 25 процентно учество, а 75 проценти ќе бидат покриени од ИПАРД, министерството ќе им помогне.

– Ние како министерство побаравме помош и од Светската организација за храна, ФАО, од каде  очекуваме помош во сточна храна, семенски материјали, минерални ѓубрива за оштетените земјоделски стопанства, изјави Цветков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.