Цветков во дводневна работна посета на Љубљана

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, на покана на министерот за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија Дејан Жидан ќе престојува во дводневна работна посета на Љубљана.

Целта на посетата е во функција на унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството и безбедноста на храна. За време на посетата особено внимание ќе се посвети на прашањето на третманот на нус-производите од животинско потекло.

Како што е најавено, министрите Цветков и Жидан ќе разговараат и за евроинтеграциските процеси, како и за трансвер на словенечкото искуство во нашава земја од областа на земјоделството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.