Македонија

Цветков во посета на штипсо – карбинскиот регион

Цветков во посета на штипсо – карбинскиот регион
Цветков во посета на штипско-карбинскиот регион

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, заменик министерот за економија Христијан Делев и директорката на Агенцијата за финасиска помош, Билјана Вуковиќ денеска во оранжериите „Еко Оаза Самандов“ во карбинското село Таринци имаа средба со производителите на градинарски производи од штипскиот, карбинскиот и светиниколскиот регион, со цел да се надминат проблемите кои ги имаат со водоснабдувањето, но и со пласманот на своите производи, пренесува МИА.

Како што истакна министерот Цветков во текот на утрешниот ден ќе бидат презентирани мерките кои ќе се преземат за производителите на градинарски производи.

На новинарско прашање како ќе се реши проблемот на производителите на домати од струмичкиот регион и сметаат дека Македонија треба да го стопира увозот на албанскиот домат, Цветков одговори дека албанскиот не му конкурира на македонскиот домат.

– Од 1 јуни па досега нашите градинари имаат извезено 6. 350 тони, а во истиот период увоз од Албанија 88 тони, па сега вие можете да видете, колку албанското производство му конкурира на македонското. Производството во Република Македонија на домати е толку големо а Македонија е мал пазар да го прими. Ако земеме еден Куклиш е премногу за Македонија да го снабди пазарот. Така ние не смееме да го гледаме нашиот македонски пазар за нашите земјоделци, туку напротив треба да бараме странски пазари, а тоа се пред се бившите Југословенски Републики и секако Русија, кој е огромен пазар и е најприбирлив. Имаме договори со Русија каде цената е над 20 денари по килограм, но бараат исклучиво квалитет, изјави Цветков.

Спроед него, проблемот со пласманот на македонските домати е во тоа што сезоната за производство задоцнила за 20 дена, поради лошите временски услови, токму и заради тоа, подвлече, има и голема конкурекција на производството во земјите каде што извезуваме како земја.

Директорката Вуковиќ информира дека Агенцијата за финансиска помош на земјоделство ќе преземе две мерки за хипер произвоидството на домати, со што на македонските производители ќе им се помогне.

– Тоа е мерката техничка помош со која ќе се поддржат извозниците на домати, а втората мерка е наменета за производителите на домати, која ќе оди преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, односно ќе се субвенционираат производителите на домати дополнително од она што веќе им следува, по хектар производство, без оглед дали се произведени на отворено или во стакленици, вели Вуковиќ.

Заменик министерот за економија Делев истакна дека веќе се прават напори со фирми да извршат откуп на дел од доматите, но исто така се бара и начин за активирање и на домашната козервна индустрија, која ќе ги земе и преработи големото производство на домати во овој момент.