Цветковски: Eдна година по формирањето на СЈО, уште чекаме да дознаеме кој прислушувал

Специјалното јавно обвинителство и неговата работа се во фокусот на вечерашното „Отворено студио“ со Градимир Марковски на ТВ Нова во кое гостуваат независната пратеничка Солза Грчева и Виктор Цветковски, адвокат и генерален секретар на ГРОМ.

Цветковски го критикува Специјалното јавно обвинителство, велејќи дека веќе цела година ја избегнува својата основна цел, според извештајот на самото СЈО.

-Во заклучоците на извештајот, самата јавна обвинителка има наведено дека основна цел, дури и ќе ја цитирам: „на ова јавно обвинителство е да утврди кој, на кој начин и за чии и какви цели вршел незаконско прислушување во периодот 2008-2015 година““, рече Цветковски.

Цветковски вели и дека една година по формирањето на СЈО, уште чекаме да дознаеме кој е тој што ја прислушувал цела Македонија.

-Основна цел на ова Јавно обвинителство е првенствено да го истражи тоа, виновниците да ги утврди, да ги изведе пред суд и да докаже кој, зошто и кои се целите што сакал да ги постигне со снимањето. И година дена упорно бега од таа цел“, вели Цветковски.