Цветна топка го украси булеварот ВМРО

Средишното зеленило на булеварот ВМРО, пред објектот на „Македонска пошта“ е украсен со цветна топка.

Цветната фигура е изработена од 1495 црвени бегонии, а постаментот го сочинуваат 1420 бели бегонии.

c1

За наводнување на цветната топка е поставен комплетен автоматски систем за полевање.

Со ова Град Скопје ги продолжува активностите за уредување и разубавување на просторот со цвеќиња и со цветни аранжмани следејќи ги светските трендови.