Цветно дефиле за патронатот на Кисела Вода

По повод патрониот празник на општина Кисела Вода, Ѓурѓовден,  денеска ќе биде организирана свеченост во чии рамки се опфатени повеќе активности.

Во 11 часот е предвидено цветно дефиле на дечињата од градинките и основците, кое ќе започне во 11 часот на крстосницата на улицата Народни Херои и булеварот Борис Трајковски и ќе продолжи со приредба во паркот Шопен во 12 часот.

Во попладневните часови, со почеток во 18 часот, ќе се одржи концерт на Културно Уметничките Друштва од општина Кисела Вода.