Цветови од рециклиран материјал за доаѓањето на пролетта

Во ООУ „Блаже Конески“, вчера, по повод 21 март, Денот на екологијата и Денот на пролетта, се организираше „Цветна работилница“, на која учествуваа учениците заедно со нивните родители, кои од рециклиран материјал изработуваа различни цветни украси.

Blaze rabotilnica2

Целта на работилницата е зајакнување на соработката меѓу ученици, родителите и наставниците, како и подигање на свеста за употреба на рециклиран материјал за дизајнирање на цветни украси.