Д-р Ха­џи-Ле­га: Ске­ни­ра­ње­то во пр­во­то три­ме­сеч­је е мно­гу важ­но за да се селектираат ри­зич­ни­те бре­ме­но­сти

Ко­га збо­ру­ва­ме за ске­ни­ра­ње во пр­во­то три­ме­сеч­је, пред сe’ се мис­ли на ске­ни­ра­ње кое се вр­ши од 11 до 13 не­де­ла и шест де­на. Тоа ске­ни­ра­ње, всуш­ност, прет­ста­ву­ва су­ма на би­о­хе­ми­ско, на ул­траз­вуч­но ске­ни­ра­ње во ком­би­на­ци­ја со во­зра­ста на мај­ка­та, ве­ли до­цент д-р Ха­џи-Ле­га.

За да се се­ле­кти­ра­ат ри­зич­ни­те бре­ме­но­сти, мно­гу е важ­но ске­ни­ра­ње­то во пр­во­то три­ме­сеч­је, кое е су­ма од би­о­хе­ми­ско и од ул­траз­вуч­но ске­ни­ра­ње во ком­би­на­ци­ја со во­зра­ста на мај­ка­та, ве­ли до­цент д-р Ма­ри­ја Ха­џи-Ле­га, ди­ре­ктор­ка на Кли­ни­ка­та за ги­не­ко­ло­ги­ја и аку­шерс­тво, во интервју за Република.мк.

Зо­што е мно­гу важ­но ске­ни­ра­ње­то на бре­ме­но­ста во пр­во­то три­ме­сеч­је од бре­ме­но­ста? 

Ко­га збо­ру­ва­ме за ске­ни­ра­ње во пр­во­то три­ме­сеч­је, пред сè, се мис­ли на ске­ни­ра­ње кое се вр­ши од 11 до 13 не­де­ла и шест де­на. Тоа ске­ни­ра­ње, всуш­ност, прет­ста­ву­ва су­ма на би­о­хе­ми­ско и ул­траз­вуч­но ске­ни­ра­ње во ком­би­на­ци­ја со во­зра­ста на мај­ка­та. Во 70-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ва­же­ло пра­ви­ло­то де­ка по­стои зго­ле­мен ри­зик за хро­мо­зо­мо­па­тии, ка­ко што е на при­мер Да­у­но­ви­от син­дром, за же­ни кои има­ат над 35 го­ди­ни. Со број­ни­те сту­дии од 90-ти­те го­ди­ни до­кто­ри­те ус­пе­ва­ат да дој­дат до соз­на­ние де­ка де­ца­та со Да­у­нов син­дром има­ат зго­ле­ме­на аку­му­ла­ци­ја на теч­ност во пре­де­лот на вра­тот. До­кто­рот Ки­прос Ни­ко­ла­и­дес ја транс­фор­ми­рал оваа ка­ра­кте­ри­сти­ка во ул­траз­вуч­на ка­ра­кте­ри­сти­ка, од­нос­но во ме­ре­ње на та­ка на­ре­че­но­то ну­хал­но за­де­бе­лу­ва­ње на вра­тот на бе­бе­то. Се по­ка­жа­ло де­ка ефи­кас­но мо­же да се ко­ри­сти во се­ле­кти­ра­ње на ви­со­ко­ри­зич­на по­пу­ла­ци­ја на труд­ни­ци ко­ја би ро­ди­ла плод со Да­у­нов син­дром. По­доц­на, во 2000 го­ди­на е дој­де­но до соз­на­ние де­ка ком­би­на­ци­ја­та на за­де­бе­лу­ва­ње­то на вра­тот кај бе­бе­то со одре­де­ни би­о­хе­ми­ски мар­ке­ри, кои всуш­ност цир­ку­ли­ра­ат во кр­вта на мај­ка­та, има­ат ви­до­из­ме­не­ти вред­но­сти во од­нос на нор­мал­на­та по­пу­ла­ци­ја. Овие соз­на­ни­ја овоз­мо­жи­ле ком­би­ни­ра­ње на ул­траз­вуч­ни­от на­од и на би­о­хе­ми­ски­те мар­ке­ри, за­ед­но со во­зра­ста на мај­ка­та и со уште еден по­нов мар­кер, а тоа е при­сус­тво­то, од­нос­но отсус­тво­то на нос­на ко­ска, кои овоз­мо­жу­ва­ат се­ле­кти­ра­ње, од­нос­но ске­ни­ра­ње на 97 про­цен­ти од по­пу­ла­ци­ја­та ко­ја би но­се­ла плод со Да­у­нов син­дром. Но, мо­ра да се има пред­вид де­ка ов­де се ра­бо­ти за ске­ни­ра­ње, са­мо за се­ле­кти­ра­ње на ви­со­ко­ри­зич­на­та гру­па. За до­де­фи­ни­ра­ње, од­нос­но, за да се уви­ди да­ли се но­си плод со Да­у­нов син­дром или со не­ко­ја дру­га хро­мо­зо­мо­па­ти­ја, по­треб­но е да се на­пра­ви ин­ва­зив­на ди­јаг­но­стич­ка про­це­ду­ра, а тоа е ам­ни­о­цен­те­за­та, ко­ја се пра­ви по 16. ге­ста­ци­ска не­де­ла или не­што по­ра­но, во пр­во­то три­ме­сеч­је, ко­га мо­же да се на­пра­ви хо­ри­он-би­оп­си­ја со ко­ја се одре­ду­ва ка­ри­о­ти­пот. Со ова ске­ни­ра­ње е овоз­мо­же­но да се на­ма­ли стап­ка­та на ин­ва­зив­ни­те ди­јаг­но­стич­ки про­це­ду­ри.

Да­ли на ГАК по­стои ла­бо­ра­то­ри­ја ко­ја мо­же да ги откри­ва тие ано­ма­лии?

Ова ске­ни­ра­ње е ус­пеш­но имп­ле­мен­ти­ра­но и по­сто­ја­но се на­до­пол­ну­ва и на ГАК по­стои ва­ква ла­бо­ра­то­ри­ја за би­о­хе­ми­ско ске­ни­ра­ње за хро­мо­зо­мо­па­ти­ја. По­ра­но има­ше по­стар апа­рат, но тех­но­ло­ги­ја­та оди на­пред, та­ка што бе­ше на­ба­вен нов, по­со­вре­мен апа­рат. Тој бе­ше на­ба­вен во рам­ки­те на го­ле­ми­от тен­дер за на­ба­вка на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Од 2011 го­ди­на ин­тен­зив­но се ра­бо­ти на су­ми­ра­ње на ре­зул­та­ти­те на на­ша­та по­пу­ла­ци­ја. По­ра­но труд­ни­ци­те пла­ќаа за овој тест, се­га комп­лет­но се ос­ло­бо­де­ни од пар­ти­ци­па­ци­ја, та­ка што си­те има­ат мож­ност бесп­лат­но да на­пра­ват ске­ни­ра­ње во пр­во­то три­ме­сеч­је. За точ­но­ста на овој ме­тод мно­гу е важ­но ул­траз­вуч­но­то ме­ре­ње кое ба­ра одре­де­на обу­ка. Ако не се на­пра­ви пра­вил­но, мо­же да се до­би­јат лаж­ни по­зи­тив­ни ре­зул­та­ти.

Што по­ка­жу­ва­ат истра­жу­ва­ња­та, кои се нај­че­сти­те ано­ма­лии во бре­ме­но­ста?

Се ра­бо­ти на на­ма­лу­ва­ње и на пре­вен­ци­ја на ано­ма­ли­и­те. Во на­ши­те про­то­ко­ли за ан­ти­на­тал­на гри­жа се имп­ле­мен­ти­ра­ни но­ви­ни­те. Три ме­се­ци пред за­бре­ме­ну­ва­ње и во те­кот на пр­во­то три­ме­сеч­је со фол­на­та ки­се­ли­на зна­чи­тел­но се на­ма­лу­ва ри­зи­кот од по­ја­ва на де­фе­кти. Нај­че­сти­те мал­фор­ма­ции што ги откри­ва­ме во те­кот на бре­ме­но­ста се ано­ма­лии на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем, рас­цеп на ’рбет­ни­от столб. Че­сти се и вро­де­ни­те ср­це­ви ма­ни кои мо­же да ги откри­е­ме ду­ри и во пр­во­то три­ме­сеч­је.

Да­ли кај труд­ни­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја има свест де­ка тре­ба ре­дов­но да се оди на прег­лед до­де­ка трае бре­ме­но­ста? Да­ли не­кои од па­ци­ен­тки­те од­би­ва­ат да на­пра­ват не­кои од прег­ле­ди­те што им ги пре­по­ра­чу­ва до­кто­рот?

Ин­тен­зив­но се ра­бо­ти на кам­па­њи­те за по­диг­ну­ва­ње на све­ста, и ние ка­ко ги­не­ко­ло­зи ра­бо­ти­ме во еду­ци­ра­ње на жен­ска­та по­пу­ла­ци­ја над­вор од бре­ме­но­ста. Мис­лам де­ка по­стои по­диг­ну­ва­ње на свес­но­ста, иа­ко таа мо­же да би­де уште по­ви­со­ка. Од мош­не го­ле­мо зна­че­ње е ре­дов­но кон­тро­ли­ра­ње на бре­ме­но­ста. По­сто­јат точ­но утвр­де­ни по­стап­ки, од­нос­но ске­ни­ра­ња кои тре­ба да се на­пра­ват во точ­но опре­де­лен пер­и­од кај пр­во­ро­тка или кај труд­ни­ца со вто­ра или со тре­та бре­ме­ност.

Др­жа­ва­та обез­бе­ди бесп­ла­тен прег­лед и ла­бо­ра­то­ри­ски ана­ли­зи за си­те труд­ни­ци кои има­ат здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње. Да­ли се зго­ле­ми бро­јот на труд­ни­ци кои до­а­ѓа­ат на прег­лед?

По­стои зго­ле­мен број па­ци­ен­тки. Пред да се во­ве­де комп­лет­но­то ос­ло­бо­ду­ва­ње од пар­ти­ци­па­ци­ја, беа оп­фа­те­ни са­мо со­ци­јал­но за­гро­зе­ни­те ка­те­го­рии. Се­га се оп­фа­те­ни си­те труд­ни­ци. Се на­де­ва­ме де­ка си­те ид­ни мај­ки ќе ја иско­ри­стат оваа мож­ност и ќе ги на­пра­ват си­те не­оп­ход­ни ис­ле­ду­ва­ња, а сѐ со цел да има­ме здра­ви по­ко­ле­ни­ја. По­треб­но е на­вре­ме­но откри­ва­ње и ске­ни­ра­ње на ви­со­ко­ри­зич­ни­те по­пу­ла­ции на труд­ни­ци. Тоа се труд­ни­ци кои има­ат ви­сок ри­зик од хи­пер­тен­зи­ја во те­кот на бре­ме­но­ста, труд­ни­ци со раз­вој на ге­ста­ци­ски ди­ја­бет во те­кот на бре­ме­но­ста, та­ка што со овие прег­ле­ди би се овоз­мо­жи­ло на­вре­ме­но откри­ва­ње и се­ле­кти­ра­ње на овие ви­со­ко­ри­зич­ни гру­пи за да мо­же да се упо­тре­бат пре­вен­тив­ни мер­ки. На при­мер, кај по­пу­ла­ци­ја ко­ја има ви­сок ри­зик на зго­ле­мен кр­вен при­ти­сок, со мно­гу ед­но­ста­вен ме­тод, за­ед­но со еден до­пол­ни­те­лен би­о­хе­ми­ски мар­кер во пр­во­то три­ме­сеч­је мо­же да ја се­ле­кти­ра­ме труд­ни­ца­та да­ли има ри­зик да раз­вие пре­ек­лам­пи­ја во те­кот на бре­ме­но­ста. Та­кви­от ри­зик би мо­же­ле ус­пеш­но да го на­ма­ли­ме со при­ме­на на ни­ски до­зи ас­пи­рин. Тоа е еден при­мер ка­ко со мно­гу ед­но­став­на мер­ка мо­же да на­ма­ли­ме стап­ка на одре­де­на ви­со­ко­ри­зич­на бре­ме­ност, а кој, всуш­ност, мо­же да на­мет­не по­тре­ба од пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње.

Остатокот од интервјуто прочитајте го на Република.мк