Да бидеме хумани, да и помогнеме на Ивана!

Ивана Величковска (23) од Куманово веќе подолг период се бори со леукемија и се наоѓа во многу лоша здравствена состојба.

Мора да замине на лекување во странство за што и се потребни 150.000 евра, но нејзиното семејство не е во можност само да ги обезбеди парите.

Трансплантацијата на коскена срж треба да се изврши во германскиот град Фленсбург, па затоа се молат сите граѓани доколку се во можност да помогнат.

Да бидеме хумани и да донираме на жиро сметката 530500014791778 во Охридска банка.