Свет

Папата Франциско: Да не дозволиме темнината и стравот да ни ги контролираат нашите срца

Папата Франциско: Да не дозволиме темнината и стравот да ни ги контролираат нашите срца
Папата Франциско: Да не дозволиме темнината и стравот да ни ги контролираат нашите срца

Папата Франциско им порача на собраните верници дека стравот и темнината не смеат да надвладеат и оти надежта која ја носи Велигден им дава лекција на христијаните да ја остават настрана безнадежноста, „која прави луѓето да бидат заробени во самите себе“.

– Ние ги гледаме и ќе ги гледаме проблемите какви се однадвор и одвнатре, тие секогаш ќе бидат тука. Но не смееме да дозволиме темнината и стравот да ни попречуваат и да ги контролираат нашите срца, порача папата во велигденската порака.

За време на велигденската миса папата крштеваше 12 лица од сите краеви на светот, кои се преобратиле во католичката вера, вклучувајќи шестмина Албанци и еден Кинез.

Папата на Велики Петок го осуди насилството без преседан, кое го вршат исламистите, додавајќи дека верниците кои вршат терористички акти го понижуваат името Божје.

Италија ги зајакна мерките за безбедност на овогодинешната прослава на католички Велигден, по нападите во Брисел.