Магазин

Да е со нас, мојот Жељко ќе беше горд на нашиот син!

Да е со нас, мојот Жељко ќе беше горд на нашиот син!

Светлана Цеца Ражнатовиќ ги собра роднините и пријателите заедно да го прослават роденденот на нејзиниот син Вељко, но во тие моменти на среќа не пропушти да се потсети на нејзиниот сопруг Жељко.

-Сите се собравме точно на полноќ и наздравивме во негова чест. Да е со нас, би бил горд на нашиот син. Ова е специјален ден за целото семејство. И сакавме да го обележиме на специјален чанин, рече Цеца, која додаде дека за подароците не сака да говори јавно.

– Многу ми пречи што се за подароците се провлекува низ медиумите. Забавата е подарок и таа не може да се сокрие, но другото навистина ќе остане во кругот на семејството, истакна таа.

ceca-veljko-punoletstvo-foto-instagram-1418376603-598245

А тогаш се огласи и славеникот Вељко, говорејќи за своите желби.

-Здравјето на сите ни е на прво место, но има тука и некои други скромни желби за кои не сакам да говорам бидејќи нема да се исполнат. Соништата полека ми се исполнуваат. Најважно е полнолетството да го прославам во друштво на семејството и најблиските, се друго е поалку важно, рече Вељко.