Да и помогнеме на младата Маја која боледува од рак

Секогаш весела, позитивна и насмеана, тоа се првите зборови кои на пријателите на Маја Митевска им доаѓаат на ум кога треба да ја опишат.

Ова амбициозно 20 годишно девојче од Скопје кое го продолжи своето образование во САД, по првата година студии се соочи со сериозни здравствени проблеми и најтешката битка која некогаш ќе ја води во својот живот. На Маја и беше дијагностициран рак на јајници. По консултација со докторите во државата Мичиген каде таа се наоѓа, направена е итна операција по која следи хемотерапија од 12 недели.

Операцијата е успешна и таа започна со хемотерапија но сето тоа чини 20.000 долари и потребни се парични средства за таа да го заврши своето лекување и да продолжи со нормалниот живот. Да покажеме дека сме хумани и да помогнеме и да ја поддржиме Маја.

Најубавите години од нејзиниот живот сè пред неа. Добредојдена е било каква донација!

Отворени се телефонски броеви и трансакциска сметка преку која може да се донира. Донациите преку телефонските броеви чинат 100 денари. 

Броеви за донирање:
– 075/143 – 401 за корисниците на ONE
– 077/143 – 193 за корисниците на VIP

Трансакциска сметка на NLB Тутунска банка
– бул. Видое Смилевски Бато – бр. 31 – 1/4
– 210 – 5016072849 – 08

Да покажеме дека сме хумани и да се обединиме за еден млад живот, за нашата Маја!