Да не ве болат грбот и нозете: Како треба да седите правилно?

Исправена положба

sedenje-1

Ако поголемиот дел од денот го поминувате на столче, најдобро би било да седите исправено. Во тој случај, карличниот дел би требало да ви биде сместен нешто погоре од колената, за природно да се наведне нанапред. Колковите и колената би требало да бидат под прав агол, а нозете цврсто потпрени на подот, благо оддалечени една од друга. Грбот ви е исправен и без дополнителен притисок на пршлените.

Опуштена положба

sedenje-2

Во моментите на опуштање направете нешто за вашите нозе. Долготрајното седење може да доведе до слабеење на циркулацијата и на мускулите. За да ја поттикнете циркулацијата, од време на време кренете ги нозете на масата или на некоја друга површина. Ако тоа неможете да го направите на работното место, тогаш направете го тоа кога ќе стигнете дома. Можете да гледате телевизија или да читате книга со кренати нозе.

Положба мислител

sedenje-3

Најголемиот проблем на денешните работни места е долготрајното гледање во екран. Со текот на времето, како што се заморуваме автоматски ја туркаме главата напред што ги заморува и ги напнува мускулите на вратот, а тоа може да предизвика болки во вратот, рамењата и во главата. За да ги опуштите мускулите на вратот, од време на време, потпрете ја главата на рацете и заземете поза на мислител (главата потпрете ја на дланките и вперете го погледот кон масата).
За другите положби на седење повеќе на следната страница…