Да не ве болат грбот и нозете: Како треба да седите правилно?

Лежерна положба

sedenje-4

Најлошата положба што можете да ја заземете додека седите е онаа во која што сите некако природно се наоѓаме по неколку часа пред компјутер –навалени во столот се обидуваме да легнеме, а не да седиме. Иако оваа положба може поволно да делува на намлувањето на притисокот врз желудникот, срцето и белите дробови, истата негативно влијае на ’рбетот, а долгорочно може да предизвика напнатост во вратот и рамењата. Затоа, без разлика на тоа колку и да ви одговара ваквото „излежување“, подобро би било да станете и да се прошетате за да се истегнете и да ја поттикнете циркулацијата.

Подгрбавена положба

sedenje-5

Седењето во подгрбавена положба не само што влијае неповолно врз вашиот ’рбет туку влијае и на работата на внатрешните органи што може да доведе до проблеми со дигестивниот систем, како што се киселини, затвор и подуеност. Исто така, влијае и на метаблизмот, односно на разградбата на хранливите материи па резултира со насобирање на маснотии на стомакот.

Удобна положба

sedenje-6

Без разлика на тоа колку е удобна положбата во која ја кревате едната нога и седнувате врз неа или ги кревате и двете нозе и се потпирате на една страна, тоа може да биде причина за искривување на ’рбетот. Освен тоа, се врши притисок и на крвните садови во нозете поради свитканата положба, што може да предизвика чувство на втрнатост, но и за доведе до проширување на вените и до тромбоза.

Турски сед

sedenje-7

Седењето со прексртени нозе, што кај нас е познато како турски сед е еден од подобрите положби за намалување на притисокот врз ’рбетот. Оваа положба ги истегнува мускулите на бедрата, а истовремено го стабилизира горниот дел од телото и го намалува притисокот на долниот дел од ’рбетот, слично како и кога седите во исправена положба.