Да не ви се верува: Премногу секс може да ве разболе

Колку чудно и да звучи, премногу секс може да биде опасно по женското здравје. Долготрајното водење љубов, како и неколку односи на ден може да предизвикаат инфекција на уринарниот трак или т.н. „циститис меден месец“.  Иако има романтично име, оваа болест е вистински болна.

Уринарната туба се наоѓа во вагината, што значи дека за време на сексот бактериите од гениталиите лесно минуват во
уретрата. Колку е поголемо триењето толку е поголем ризикот од инфекција, вели гинеколгоот Мери Џејн Минкин.

Симптоми

Симптомите најчесто се појавуваат во рок од еден до два дена, а се карактеризираат со болка при мокрење, зачестено
мокрење, промена на бојата на урината и болки во регијата над срамната коска. Ако не се лекува на време може да предизвика инфекција на бешиката и бубрезите.

„Инфекцијата честа кај жени кои не родиле, а некои дами може да ја добијат по секој сексуален однос. Ризикот може
да се намали ако пред и по сексот е мокри“, напоменува Беверли Випи, професорка на Универзитетот во Њу Џерси.

Лекување

Штом ги забележите првите симптоми се препорачува веднаш да побарате помош од лекар. Тој по потреба ќе ви препише антибиотик што ќе ја излекува инфекцијата.  Исто та,а треба да се зголеми внесувањето на вода и сок од брусница, што ќе поттикне повеќе мокрење, а со самото тоа и чистење на бактериите од уринарниот трак. Се’ додека инфекцијата не се излекува се препорачува да не практикувате секс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.