Да се биде или не за Манчестер Јунајтед и Дејвид Мојес

Реванш 1/8 финалниот дуел од Лигата на шампиони, против грчкиот преставник Олимпијакос, лесно може да се покаже како последен на кој Дејвид Мојес ја извршувал функцијата менаџер на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед.

Наследникот на сер Алекс Фергусон, ќе се спаси од уште еден голем срам само доколку неговите избраници забележат триумф на „Олд Трафорд” со три или повеше гола разлика.

„Секој ден работам со овие фудбалери, знам колку се квалитетни, знам дека можат да одиграат многу подобро, дека ова не е вистинското лице на Манчестер Јунајтед. Јас верувам во моите фудбалери, знам што можат да направат, дека ова не е максимумот. Точно дека не играме како што треба, но се надевам дека ќе одиграме совршено, без грешка на реванш дуелот против Олимпијакос. Јас верувам дека ние ќе се радуваме на пласманот во следната рунда”, изјави менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.