Да се наежите: Заспала на 38 години , а се разбудила на 15

Наоми Џејкобс од Манчестер останала шокирана кога се разбудила мислејќи дека е во 1992. година. Ова е редок вид на амнезија која целосно и го избришала нејзиното помнење.

– Почуствував се, од радост, до страв кога го видов тоа дете на кое воопшто не се сеќавав. Веднаш знаев дека е мој син, но само затоа што личи на мене. Бев убедена дека сум заспала и другиот ден дека се разбудив, но тоа во мојата глава беше 1992 година. Не ми беше реално што се случува, објаснила Наоми.

По неколку прегледи кај психотерапевти, Наоми добила дијагноза која се вика минлива глобална амнезија. Ова е ретка амнезија која предизвикува моментален губиток на помнењето. Закрепнувањето на Наоми траело цели осум недели по што нејзиното помнење се вратило во нормала.