„Да се отстрани оградата на грчко-македонската граница“ – Грците и соросовата машинерија со идентични барања

Отстранување на оградата од македонско-грчката граница деновиве се бара како од официјална Атина, така и од соросовите и ЛГБТ организации во Македонија, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Плоштад Слобода, Ццентарот за поддршка на ЛГБТ, Коалцијата за сексуални и здравствени права на маргинилизираните заедници, Солидарност и  останати организации и здруженија од Македонија, заедно со уште неколку од регионот преку  отворен повик побараа отстранување на оградата на македонско-грчката граница, а само неколку денови подоцна, идентичен став искажа и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Која е вистинската агенда зад ваквите повици не е тешко да се утврди, со оглед на тоа што барањето се однесува само за отварање на македонската граница, иако е познато  дека земјата ги наметнува оние рестрикции што ги наметнуваат и останатите земји северно од нас.

Павлопулос: Нема во ЕУ се додека подигате огради на границата

На иста линија со соросовата машинерија, повторно е и официјална Атина. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос се закани дека се додека сме подигале огради на границата, немало да бидеме во можност да се приклучиме кон ЕУ.

Лидерите на државата Скопје веднаш нека сфатат дека со инсистирањето на име со кое што се прави обид за фалсификување на историјата, додека се подигаат железни завеси и се вршат варварски акти против бегалците, во голема мера се нарушуваат европските принципи и вредности, па затоа и натаму нема да бидат во можност да се приклучат кон Европската Унија. Ова е јасно и за него нема преговори”, изјави Павлопулос од Солун.

Руски аналитичари: САД ја организираат инвазијата на Европа и гневни се поради заштитата на македонската граница

Во меѓувреме грчките медиуми потесетуваат на исклучително прецизното минатогодишно предвидување на рускиот аналитичар Николај Стариков.

Еден од најпознатите и со екстремно добри извори од Кремлин, рускиот аналитичар и писател Николај Стариков, мината есен со огромна прецизност предвиде што ќе се случи со бегалската и мигрантска криза, посочувајќи дека САД се главните одговорни за организираната инвазија од мигранти во Грција и во Европа, воопшто. Меѓу бегалците има и 4000 борци на ИСИС, кои што подоцна ќе создадат исламиситчки наоружани тела, со цел Европа да биде контролирана од страна на САД”, се вели во текстот на грчкиот портал Pronews, цитирајќи го Стариков кој вели:

Да видиме кој не учествува во релокацијата на бегалците? САД и Велика Британија. За да стигнат до Αмерика им треба прекуокеански брод, но за да стигнат во Британија е многу едноставно.  Но, тие не се погодени со бегалската криза, додека сите други колабрираат, смета Стариков.

И рускиот аналитичар и новинар Андереј Корибко во интервју за Нетпрес неодамна посочи дека поради фактот што македонските власти навремено ги одбранија своите граници, со што ја поддржаа безбедноста на остатокот од Европа, дополнително си го навлекоа гневот на Сорос и останатите сојузници на САД.

Во својата последна анализа на темата тој меѓудругото пишува:

Европската Унија беше исклучително неконструктивна во релациите со Република Македонија и тоа не само во однос на тоа како се постави во врска со од САД измислената политичка криза во земјата, туку и во однос на тоа како ги критикуваше властите за нивните храбри обиди унилатерално да ја бранат својата јужна граница, се вели во текстот.

Корибко предупредува дека во следните месеци можно е повторно да се случат инциденти како оној од пред неколку денови, кога околу 2000 бегалци и мигранти се обидоа нелегално да влезат во Македонија, а целта меѓудругото, е и дестабилизација на Македонија во пресрет на предвремените избори на 5 ти јуни.