сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 40

Да си помогнеме сами на себе за да ни помогне и Господ

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов – Мицов

Оваа народна мудрост е важечка за секоја држава. Исто како и мислата „Ако сакаш мир, спремај се за војна“, која е искажана од римскиот историчар Корнелиј Непот. За жал, иако познати на македонската јавност, тие сентенци практично не се користат. Или оставаме се на Господ (да не брани од непријатели, да ни го чува идентитетот), или, пак, сме мирни и попусливи до глупост. Понекогаш дури го ставаме Госпор пред дилема, дали знае што бараме од него?:

Прво, за 25 години се собраа стотини факти дека САД и ЕУ имаат цел да ги уништат како македонскиот идентитет, така и македонската држава. Истовремено македонските политичари самоубиствено се втурнаа во НАТО и ЕУ и жалат што не сме примени таму. Како да им помогне Господ на такви шутраци?

Второ, од повеќе време е дифинитивно јасно дека македонската опозиција е продолжена рака на САД како за уништуването на народот, така и за распарчување на државата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ исто акцентира врз тој момент. Само што, сето тоа паѓа во вода кога министерот од СДСМ Спасовски и министрите од ВМРО-ДПМНЕ Попоски и Јолевски ЕДНОГЛАСНО ТВРДАТ дека членството во НАТО и ЕУ немало алтернатива. Премиерот Димитриев (од ВМРО-ДПМНЕ) баш на 11 октомври, Денот на македонското востание, изјави дека МАКЕДОНСКИОТ ИДЕАЛ бил да се зачлениме во овие разбојнички организации. Што да прави Господ кога непријателите дејствуваат како соговорници?

ЗА РАЗЛИКА ОД ГОСПОД, КОЈ Е ДАЛЕКУ ОД МАКЕДОНСКАТА ШИЗОФРЕНСКА АТМОСФЕРА, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е БЛИСКУ И Е ДИРЕКТЕН СВЕДОК И ДЕЛ ОД ТАА АТМОСФЕРА.

Моментно балканските народи се само сведоци на глупостите на нивните политичари, кои ги туркат во американско колонијално ропство. Пред неколку денови балканскиот криминалец број еден Мило Ѓукановик, не’ потсети за Орвеловата „1984“, каде ропството се идентификува со слободата, а фашизмот со демократија. Овој човек, кој 27 години владее со Црна Гора како американски гувернатор, тврди дека ако ги изгуби изборите, неговиот протекторат ќе станел колонија на Русија. Истите повици ги слушаме од бугарската влада, која на 6 ноември ќе организира претседателски избори. Бугарија и Црна Гора се американски марионети, САД ги користи нивните валкани политичари, но се однесуват со презир кон нив. Наскоро авторитетниот бизнис медиум „Форбс“ го карактеризира бугарскиот премиер Борисов како „длабоко ограничен, тапоумен интригант-сервајвер, сосема соодветен на традициите во регионот“. Внимавајте, улизувачкиот однос на балканските политичари штети и на нивните народи. Тие се идентификувани со политичарите.

Македонските политичари, функционери и новинари идеолошки шпекулираат со антифашистичката борба од 1941-1944 година и со одминатиот 75-годишен јубилеј од нејзиниот почеток. Од една страна, Заев кој веројатно не видел што е касарна, организираше однадвор платен МАРШ ЗА УНИШТУВАНЕ НА МАКЕДОНИЈА ПОД ФОРМА НА БОРБА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ. Само за тоа антидржавно споредување, овој тип мора автоматски да заврши во затвор. Ако некој калкулира за сите криминални, шпиунски и антимакедонски изјави и дејствија на Заев, тој мора да добие барем 250 години казна. Од друга страна и премиерот Димитриев покажа дека нема поим ни што значи идеал, ни што значи држава.

Во антифашистичката борба македонскиот народ од почетокот покажа поголема зрелост, отколку наметнатите негови лидери.

УШТЕ НА 10 АПРИЛ 1941 ДВАЕСЕТМИНА ЧЛЕНОВИ НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА ВО ТЕТОВО ПРАВАТ СОВЕТУВАЊЕ И НОСАТ ОДЛУКА ЗА ВОООРУЖЕНА БОРБА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ. ТОА СЕ САМО ДВА ДЕНА ОТКАКО ФАШИСТИЧКИТЕ ВОЈСКИ ВЛЕЃЛЕ ВО ГРАДОТ.  ГРУПАТА ЈА УНИШТУВА АРХИВАТА НА ОПШТИНАТА, ОДЗЕМА НЕКОЛКУ ПУШКИ, МАШИНА ЗА ПИШУВАЊЕ И ЦИКЛОСТИЛ.

Да се потсетиме дека одвај на 15 април КПЈ излегува со Проглас до народите на Југославија за вооружен отпор, а на 4 јули се носи одлука за вооружено востание. Меѓутоа, уште на 7 февруари 1941, Македонецот од Пиринска Македонија Иван Козарев излегува во илегала, а на 27 јуни при обид да биде уапсен, убива двајца полицајци. Така што Козарев е првиот партизан на Балканот. Во време кога „обичните“ тетовчани и Козарев дејствуваат, политичкиот секретар на Покраинскиот комитет за Македонија, Методи Шатoров калкулира со БРП, со Коминтерната и со КПЈ, пишува писма, го приклучува Покраинскиот комитет кон бугарските комунисти и го преименува по бугарски терк, се обидува да ја блокира македонската оружена борба.

МЕЃУТОА, НА „ОБИЧНИТЕ“ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ ДЕКА РУСИЈА И ГЕРМАНИЈА СÈ УШТЕ СЕ ВО СОЈУЗ, НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРААТ ОДЛУКИТЕ НА КОМИНТЕРНАТА, ЈА КОРИСТАТ ГЕРМАНСКАТА И БУГАРСКАТА ОКУПАЦИЈА КАКО ЗНАК ЗА БОРБА ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА. ТИЕ СЕ ЛИЧНОСТИ, А НЕ ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ.

Затоа и не ја чекаат новата одлука за создавање на партизански одреди, туку дејствуват самостојно. На 8 септември 1941 година Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во Скопје Боро Петрушевски убива бугарски војник, а во Прилеп истото го прави Трајко Бошковски-Тарзан.

ДО КРАЈОТ НА 1941 ДЕЈСТВИЈАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЕДИНЦИ ИМААТ ПОГОЛЕМА ВРЕДНОСТ, ОТКОЛКУ НЕКОЛКУТЕ НА БРЗИНА СОЗДАДЕНИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ, КОИ БИЛЕ РАЗБИЕНИ.

Многуте примери од антифашистичката борба се предупредување и денес. Во споредба со македонските политичари, МАКЕДОНЕЦОТ КАКО ИНДИВИДУА ИМА ВИСОКА САМОДОВЕРБА И ХРАБРОСТ. Таа самодоверба се смалува кога политичарите не’ трансформираат во контролирана толпа или во партиски војници. Терористичката војна против Македонија во 2001 беше изгубена од политичарите, кои го поделија и излажаа народот. Референдумот во 2004 година против територијалната поделба пропадна од истата причина.

САМО ВО ЕДЕН ПУНКТ СЕ СОГЛАСУВАМЕ СО ЕВРОКОМЕСАРОТ ХАН: ДЕКА ИЗБОРИТЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ НЕ СЕ СÈ’. САМО ШТО, НЕГОВИОТ КОНЦЕПТ Е СОСЕМА ДРУГ.  ТОЈ ГЛЕДА НА ИЗБОРИТЕ КАКО ПОЧЕТОК НА ВРАЌАЊЕ КОН ЕВРОАТЛАНТСКИОТ ПАТ, СО ДРУГИ ЗБОРОВИ – КОН УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ДРЖАВА. ТИЕ КОИ СИ ЈА САКААТ ТАТКОВИНАТА, ПАК, ГЛЕДААТ НА ИЗБОРИТЕ КАКО ПОЧЕТОК НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД БЕЈЛИ, ГАРЕТ, ХАН, ХОВИТ И ДРУГИТЕ ЗАПАДНИ ОКУПАТОРИ. КАКО И ОД ДОМАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ.

ВО ЕДЕН ПУНКТ СЕ СОГЛАСУВАМ И СО ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ЃОРЧЕВ И ДИМОВСКИ: ДЕКА ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА МОРА ДА ДОБИЕ МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО. САМО ШТО АКЦЕНТИТЕ МЕЃУ МЕНЕ И НИВ СЕ СПРОТИВНИ. ТИЕ САКААТ МАЛО МНОЗИНСТВО (62 ПРАТЕНИКА) ЗА ДА ПРОДОЛЖАТ ДА БАЛАНСИРАТ КАКО ДОСЕГА, ДА КАЛКУЛИРАТ И ДА СЕ ЖАЛАТ ОД ПРИТИСОЦИ, ДА ПРОДОЛЖАТ ДА СЕ УЛИЗУВААТ НА СТРАНЦИТЕ. ЈАС (И НЕ САМО ЈАС) САКАМ СОСЕМА ДРУГО: ЦВРСТО МНОЗИНСТВО ЗА СОЗДАВАЊЕ НА ВЛАДА САМО ОД ВМРО-ДПМНЕ, КРАЈ НА ПОПУШТАЊЕТО НА ВНАТРЕШНИТЕ ОДРОДНИЦИ И НА НАДВОРЕШНИТЕ ОКУПАТОРИ ЗА СÈ И СЕШТО. СО ЕДЕН ЗБОР: БАРАМ МЕНУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНАТА И НА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА.

За таа цел се потребни две работи:

Прво, цврсто мнозинство во Собранието, приближно 80-ина пратеници.

Второ, пратеници кои не потклекнуваат ниту на надворешни, ниту на внатрешни фактори.

За да се оствари едното и другото потребно е МЕНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ПОЛИТИКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, СИМЕТРИЈА МЕЃУ ЕКОНОМСКА, СОЦИЈАЛНА И НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА. ДОСЕГА, ПЕДЕСЕТ И НЕКУЛКУ ДЕНОВИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ, НЕ ГЛЕДАМЕ ТАКВО МЕНУВАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА. ПО ТАА ЛОГИКА, ВЕРОЈАТНО И ВО ПРАТЕНИЧКИТЕ ЛИСТИ ЌЕ ГИ ВИДИМЕ ДОСЕГАШНИТЕ ДОДВОРУВАЧКИ ФАЦИ. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА КРИЗАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ПО ИЗБОРИТЕ.

Зошто ќе продолжи? Затоа што ќе се повтори случајот со Вучиќ, кој некоку месеци по изборите во Србија не можеше да направи Влада. Не можеше, зашто не беше суверен во своите одлуки, калкулираше и попушташе. Дури стигна до таму да најавува нови избори, независно од тоа што имаше парламентарно мнозинство.

ИСТОТО ЌЕ СЛУЧИ И КАЈ НАС, ЗАТОА ВЕРОЈАТНО ИДНАТА ПРОЛЕТ ЌЕ ИМАМЕ НОВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НО, СОСТОЈБАТА ЗА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БИДЕ ПОТЕШКА.

Добро е дека во викендот функционерите на ВМРО-ДПМНЕ демонстрираат цврсто единство.

НО, ВО ТАА ВРСКА ЈАС ИМАМ ПРЕДЛОГ ДО ЛИДЕРОТ ГРУЕВСКИ. НА ИДНИОТ СОБИР ДА БИДАТ ИСПУКАНИ НЕКОЛКУ ВИСТИНСКИ БОМБИ, СЕ РАЗБИРА БЕЗ ДА БИДЕ НЕКОЈ ПОВРЕДЕН ОД УЧЕСНИЦИТЕ. ТИЕ ДА СЕ СЛУЧАТ САМО ОД ПСИХОЛОШКИ АСПЕКТ. АКО ДО НЕГО ОСТАНАТ НЕРАЗБЕГАНИ ЛУЃЕ, ТИЕ ДА БИДАТ ИДНИ ПРАТЕНИЦИ И МИНИСТРИ. ЗАТОА ШТО ИДНАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ВОДИ САМО СО ЛОЗУНЗИ И ЗБОРОВИ.

Како потврда на ова, еве дел од писмото на американскиот претседателот Бил Клинтон во 1999 година до косовските терористи:

ДЕСТРУКЦИЈАТА НА СРБИЈА И ТРАЈНОТО ВКЛОПУВАЊЕ НА АЛБАНИЈА, МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ВО МУСЛИМАНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЌЕ СОЗДАДАТ НОВА СОСТОЈБА НА БАЛКАНОТ И ВО ЕВРОПА. ЕУ И САД МОРА ДА ГИ УНИШТАТ ЦЕЛОСНО ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ЕКОНОМИИ НА ДРЖАВИТЕ ОД РЕГИОНОТ, ЗА ДА СТАНАТ НЕОДЕЛИВ ДЕЛ ОД НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК. НАЦИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ И НАЦИОНАЛНАТА ПОСЕБНОСТ МОРА ДА БИДАТ ЗАМЕНЕТИ СО АТЛАНТСКИ КРИТЕРИУМИ И СО ОГРАНИЧЕН СУВЕРЕНИТЕТ ВО ПОРАНЕШНИТЕ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ЗЕМЈИ. БАЛКАНОТ МОРА ДА СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ЦЕНТАР НА АТЛАНТСКИОТ ДЕН, НА РАЗУРНАТИ БОЛНИЦИ, ДЕТСКИ ДОМОВИ, ЦРКВИ И МАНАСТИРИ, РАДИОТЕЛЕВИЗИИ, НА СРУШЕНИ МОСТОВИ ЗА ДЕЦЕНИИ, НА ИЗГОРЕНИ РАФИНЕРИИ И ХЕМИСКИ ЗАВОДИ. СЕТО ТОА ЌЕ НАПРАВИ ОД СЕКОЈА ДРЖАВА ЕКОЛОШКА ПУСТИНА, ДОКОЛКУ ОДБИЕ ДА ГО ПРИФАТИ НАШИОТ НОВ ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ИЗБОР.

Слушнавте ли, „кооперативци“? Како сега пред Клинтонка – со симнати гаќи или како нашите поранешни херои?

Најчитани вести