„Да споделиме радост“ – Новогодишна хуманитарна акција на ЕВН Македонија и Црвен крст

Со хуманитарната акција „Да споделиме радост“ ЕВН Македонија ги заокружи празничните донации за социјално ранливите категории на деца од повеќе градови во државата.

На завршниот Новогодишен настан, ЕВН Македонија и Црвениот крст на 130 деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства во просториите на Кинотека на Македонија им поделија новогодишни подароци. Децата имаа можност да проследат проекција на 3-Д анимиран филм, Дедо Мраз заедно со претставниците на ЕВН и Црвениот крст им подарија училишни ранци со топла облека.

На овие дечиња не им потребно ништо друго освен некој да им го подари целото свое внимание и мали подароци кои ќе им ја приближат симболиката на новогодишните празници. Преку целата година им даваме подршка, а пред Нова година сакаме да им го дадеме за нив најважното: Дедо Мраз, подароци и детски филм“, рече г. Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Соработката со Црвениот крст на вакви хуманитарни настани за нас е привилегија, затоа остануваме да бидеме подршка на проектите кои ќе донесат насмевки на нашите корисници, додаде Гиевски.

„Да споделиме радост“ - Новогодишна хуманитарна акција на ЕВН Македонија и Црвен крст
„Да споделиме радост“ – Новогодишна хуманитарна акција на ЕВН Македонија и Црвен крст

Благодарност до ЕВН за изрази и Генералниот секретар на Црвениот Крст, Саит Саити.

ЕВН е вистински пример како една компанија треба да ја практикува општествената одговорност. Традиционално ја даваат својата подршка во хуманитарните акции, посебно за оние кои ќе измамат насмевка на детските лица, рече Саити.

Новогодишната хуманитарна акција на Црвениот крст и ЕВН почна од Гевгелија, па продолжи во Струмица, Струга, Битола, Штип, Кочани, Кичево и денес завршува во Скопје. Во рамките на акцијата над 300 деца добија новогодишни подароци и учествуваа во новогодишните настани подготвени со една цел – да ја почуствуваат топлината на Новогодишните празнувања.