Македонија

Дачиќ и Дарко Шариќ заедно уништувале дрога

Дачиќ и Дарко Шариќ заедно уништувале дрога

Шефот на производство во Термоелектраната „Никола Тесла“ во Србија, каде минатиот викенд беше запалена запленета дрога има исто има со црногорскиот нарко бос, пишува српски „Телеграф“.

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и полицискиот врв на државата биле нестрпливи пред палењето на запленетата дрога во Термоелектраната, бидејќи шефот на производство, Дарко Шариќ доцнел со носењето на вага за мерење на наркотиците.

Весникот „Новости“ пишува, дека со оглед на тоа што имал и други обврски, Дачиќ прашал зошто „операцијата“ доцни. Вработените во електраната одговориле дека се чека вагата на која се мерат наркотиците пред да се фрлат во печката.

„ До кога ќе чекаме? Како се вика тој човек?“, прашал Дачиќ.

„Дарко Шариќ“, му одговориле одговорните во термоелектраната.

Српската полиција ја спроведе опсежната акција “Гром“ со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога во која што беа уапсени повеќе од 120 лица.