Балкан

Дачиќ со своите изјави ги загрижи западните земји

Дачиќ со своите изјави ги загрижи западните земји

Изјавата ја толкуваат како „проруска пресвртница“ на првиот човек на српската Влада, пишува „Данас“, повикувајќи се на добро упатени извори од врвот на тамошната Влада.

До тие извори, како што наведува српскиот весник, стигнале загрижувачки реакции од повеќе амбасади, односно молби за појаснување на пораката на Дачиќ од интервјуто  за американската новинска агенција „Асошиејтед прес“:

Амбасадите сега внимателно ја анализираат изјавата на Дачиќ, со страв дека српскиот претседател, Томислав Николиќ, кој за многумина е „руски човек“, добива сојузник во заговарање на поблиски односи со Русија.