Балкан

Дачиќ: Србија никогаш не била толку близу, а далеку од ЕУ

Дачиќ: Србија никогаш не била толку близу, а далеку од ЕУ

„Србија никогаш не била толку близу до Европската унија, но без оглед на тоа што сега е најблизу во историјата, таа е толку близу, а толку далеку“, рекол Дачиќ.

Тој истакна дека од разговорите меѓу Белград и Приштина ќе зависи дали ќе се одржи меѓувладината конференција.

Според него, Германија и Велика Британија се залагаат меѓувладината конференција да се одложи за март, оценувајќи дека тие земја за конечната одлука го чекаат извештајот на високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.