Дачиќ: Без Србија не може да има конечно и трајно решение за косовското прашање

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави вчера, по седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации дека не може да има конечна и трајно решение за косовското прашање без договор со Србија, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

„Треба да биде најдено сеопфатно решение во интерес на сите народи во Косово“, изјавил Дачиќ.

Според него, со договорот меѓу Белград и Приштина е постигнат голем компромис. Тој уште истакнал дека неговата земја ќе посвети големо внимание на продолжување на дијалогот со Косово.