Дачиќ: Дијалогот Белград – Приштина ќе продолжи по изборите

Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе биде продолжен по изборите, изјавил премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, јавува Радио телевизија Србија.

Дотогаш Владата, вели Дачиќ, е во секојдневен контакт со претставници на Европската Унија.

„Владата на Србија бараше можност за итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации по повод моменталната состојан Косово и формирање на ’некаква така наречена косовска војска’“, вели Дачиќ.