Дачиќ: Доста беше крв, време е за мед

Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, во обраќање пред повеќе од стотина граѓани насобрани на главниот градски плоштад  во Димитровград рекол дека сега е време за градење на добри и толерантни односи.

„Балканот е составен од два балкански збора Бал-Кан, што значи крв и мед. Доста беше крв, време е за мед“, рекол српсиот премиер.

Тој се осврнал на грешките со војните од минатото кои што оставија длабоки траги во животот на многу луѓе.

„Не бевме секогаш паметни во историјата, а денеска сакам нашите деца повеќе никогаш да не војуваат, туку заеднички да отвораат фабрики“, рекол Дачиќ на отворањето на споменик на бугарскиот револуционер Васил Левски во Димитровград.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.