Дачиќ: Грабар-Китровиќ треба да води сметка што зборува и прави

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во интервју за италијанската агенција Нова, по повод изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, рекол дека таа треба да води сметка за тоа што го зборува и прави затоа што веќе не е опозиција, пишува Б92.

Понекогаш политичарите во изборна кампања зборуваат нешто затоа што не се сигурни дали ќе бидат избрани. Но, проблемите настануваат потоа, затоа што мораат да го исполнат тоа што го ветиле и затоа што мораат повеќе да водат сметка за тоа што го предизвикуваат, изјавил министерот за надворешни работи на Србија.

Дачиќ додал дека Колинда Грабер Китаровиќ за Војводина ја ставал во контекст на изборна кампања и истакнал да „не очекува дека нашите односи со Хрватска ќе станат покомплицирани и посложени од тоа што се сега“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.