Дачиќ и црногорскиот амбасадор ќе соработуваат на патот кон ЕУ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ во денешниот разговор со амбасадорот на Црна Гора во Белград, Игор Јововиќ, оценил дека билатералните односи се значајно унапредени и дека посебно ќе биде значајна соработката на двете земји на патот кон Европската унија.

Дачиќ ја истакнал и потребата да се унапредат економските односи, соопштила владината Канцеларија за соработка со медиумите.

„Амбасадорот Јововиќ, кој наскоро ја напушта функцијата, дал голем допринес за унапредувањето на односите меѓу двете земји“, рекол српскиот премиер.