Дачиќ и Тадиќ дел од новата Влада на Вучиќ?

Српската напредна партија од крајот на неделава ќе започне разговори со останатите партии во парламентот за формирање на владејачка коалиција, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Се очекува раководството на партијата да се сретне во наредните денови и да разговара за следните чекори за формирање на Влада. Од партијата изјавија дека изборот на сојузници за формирање на Влада зависи од лидерот на партијата Александар Вучиќ.

Се претпоставува дека Вучиќ ќе разговара со сите партии, но за влегување во Владата најмногу шанси имаат Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ и партијата на поранешниот претседател Борис Тадиќ.