Дачиќ: Изборите нема да го успорат патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ изрази очекувања дека најавените вонредни парламентарни избори нема да го успорат европскиот пат на Србија како и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Како што се наведува во соопштението на српската Влада, Дачиќ тоа го кажал во разговорите со амбасадорот на САД во Белград, Мајкл Кирби. Дачиќ повторил дека стрaтешката определба на Србија се реформите, подобриот живот на граѓаните и членството во ЕУ.

Претседателот на Владата на Србија и амбасадорот на САД во Белград разговарале за можностите за политичка и економска соработка, американските инвестиции и соработка на безбедносните структури на двете земји.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.