Дачиќ: Китаровиќ не би требало да биде хрватскиот Шешељ

Спрскиот шеф на дипмолатијата, Ивица Дачиќ, по низата провокации за хрварската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека очекува дека Хравтска по нејзиниот избор не добила свој Воислав Шешељ.

„И го честитам на Колинда Грабар Китаровиќ изборот за претседател на државата. Се надевам дека ќе работи на разрешување на проблемите и создавање на добра атмосфера за соработка меѓу Србија и Хрватска. Србија сака добри односи и се надевам дека во следниот период ќе ги унапредиме“, изјави Дачиќ за телевизјата Н1.

Колку за потсетување, хрватската претседателка Коленда Грабар Китаровиќ пред два дена испрати барање до генералниот секретар на Обеденитете Нации во кој бара лидерот на радикалите кој е во Хашкиот трибунал да се осуди додека е жив за да не се повтори истата ситуација како со поранешниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ. Таа по изборот за шеф на државата, исто така ја смести Војводина како посебна регија, а србите во Хрватска ги прогласила за Хрвати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.