Дачиќ: Косово ќе биде најтешкиот тема на преговорите за влез во ЕУ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави денеска дека прашањето за Косово ќе биде најтешко во преговорите за пристапување на Србија кон Европската унија, пренесе агенцијата „Франс прес“.

Белград не ја признава независноста на Косово, прогласена во 2008 година.

„Најтешкото поглавје од преговорите за жал ќе биде темата за Косово. Дури и да бевме идеална држава, ние немаше да постигнеме ништо во преговорите со Брисел без напредок во дијалогот со Косово“, изјавил Дачиќ.

Премиерот, опкружен од членовите на кабинетот, ја поздрави повторно одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ, кои го определија датумот 21 јануари, за одржување на првата меѓувладина конференција ЕУ – Србија.

„Она што изгледаше како сон со децении, стана реалност“, истакнал Дачиќ за одлуката. Тој му се заблагодари на својот партнер во владејачката коалиција, вицепремиерот Александар Вучиќ и на претседателот Томислав Николиќ, дека заедно со него имале храброст да ја „одведат Србија кон нејзината иднина“.

Напредокот во преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ ќе зависи најмногу од нормализирањето на односите со Косово.

Србија се надева дека ќе стане 29-тиот член на ЕУ до 2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.