Балкан

Дачиќ крена на нозе преку 200 жени

Дачиќ крена на нозе преку 200 жени

Ивица Дачиќ, претседател на Социјалиситчката партија на Србија, со ненајавен „концерт“ на Власина, крена на нозе повеќе од 200 учеснички на Форумот на жени на СПС, на кој тој требаше само да се обрати, пишува српски „Ало“. Инспириран од убавото друштво и чистиот власински воздух, Ивица бил ѕвезда на вечера во вистинска смисла на зборот.

„Концертот“ во големата сала на хотелот „Србија“, Дачиќ го отворил со „Миљацка“ од Халид Бешлич. Потоа како на лента следеле севдалинките една по друга: „Муштулук“ од Харис Џиновиќ, „Ова е моја куќа“ од Маринко Роквиќ, „Уште само една ноќ“ од Шабан Шаулиќ и така по ред, додека дамите околу него „везеле“ едно по едно оро.

Лидерот на социјалистите на собирот, на учесничките на форумот им упатил совети како да бидат квалификувани членови на партијата и им пружил целосна поддршка во нивната борба за независност.

Ivica

Луѓето од обезбедувањето на Дачиќ се обиделе на почетокот на „концертот“ да ја дисциплинираат публиката, да забранат употреба на фотоапарати и мобилни. На почетокот тоа им успевало, но после работите излегле од контрола. Целата сала била на нозе, а огнените социјалистки го опкружиле Дачиќ не давајќи му да здивне.