Дачиќ му пееел „О соле мио“ на Рама

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на неформална вечера му пеел на уво на албанскиот премиер Еди Рама. Дачиќ се обидел да ја омекне напнатата атмосфера, која настана поради провокацијата на Рама за Косово при неодамнешната посета на албанскиот премиер на Србија, пишува весникот „Курир“, пренесува Нетпрес.

Повикувајќи се на сопствени извори весникот објавува дека шефот на српската дипломатија на албанскиот премиер му го пеел познатиот итлаијански шансон „О соле мио“. 

Вечерата на која биле српската и албанската делегија била организирана во понеделникот навечер и тоа, според објавеното, само неколку часа откако Рама ја кажал спорната изјава за независноста на Косово. Неформалното дружење се одржало во една од српските државни резиденции во Белград, а присуствувале највисоки членови на делегации од двете земји.

– Ако пеењето на една песна може да ги намали тензиите, тогаш тоа е нешто најамлку што можам да го сторам за својата земја, изјавил Дачиќ.